Грешките во канцеларијата кои ви ја саботираат диетата

од Vladimir Zorba

Започнувањето на режим за слабеење е лесна работа, но почитувањето се покажува вистински предизвик. Ако водите повеќе седентарен начин на живот, сè што влегува во устата треба да се “брои”, за да не се лепи таму каде што не сакате. Искушенијата не се малку, а во канцеларијата под напон е лесно да престанете да се борите со нив и да го прекршите режимот.

Дури и да мислите дека “ова ситно колаче” не е фатално, може да се покаже дека грешите. Еве и што ви ја саботира диетата во канцеларијата:

1. Го пропуштате појадокот

Има причина пропустот на појадок да биде сметан за “грев”. Кога спиеме нашето тело се опоравува и наутро имаме потреба од енергетски поттик, за да се подготвиме за напорниот ден.
Ако не му дадете храна на вашето тело, не само што го кочите метаболизмот, но и ја зголемувате шансата да прегладнеете по час-два на работното место и да се прејадете со производите од машината во ходникот или баничка и бурек, кои не се добра опција.

2. Велите постојано ДА

Едно бонбонче за роденденот на својата колешка или парче од пица, за која сите инсистираат – ова може да го спречи слабеењето повеќе отколку што мислите. На прв поглед изгледа како мало прекршување, но со текот на времето се акумулира и вагата тоа го забележува. Решението: Научете да велите НЕ!

3. Се храните на биро

Дури и да сте си приготвиле дома варен зеленчук, вие сè уште ќе згрешите ако ги консумирате зад своето биро. Дури и да имате напорен ден, одвојте 20 минути, во кои ќе исчезнете од канцеларијата. Не само што е потребен одмор, но и така го стимулирате варењето и помагате согорување на калории.

4. Стресот ве прави ранливи

Кога сте под стрес, има голема веројатност да посегнете по “погрешна храна”. Тоа е затоа што на телото и мозокот ви е потребна енергија за да се концентрираат и да работат. Потсвесно рацете ви посегнуваат кон сè што стои пред вашите очи.

Може да го направите следново: Чувајте шише вода под рака и само здрава ужина околу себе – сурови ореви, јогурт, овошје.

5. Јадете во секое време

Ако седите по цел ден зад биро во канцеларија, почнувате да губите идеја за времето и да не го слушате вашето тело. Дали од досада, навика, стрес или други причини, постојано внесувате било какви нешта без да чувствувате глад.

Решението е или да си навиете аларм кој ќе ви сигнализира кога да се храните за да си создадете режим на исхрана (препорачливо е да не јадете на временски интервали, помали од 4 часа). Пијте многу вода, додека не дојде следниот оброк.

Слични содржини