Центарот за контрола и превенција на болести (KEELPNO) во Грција издаде информации дека сезонскиот грип им го зел животот на 36 лица.

20150210.tegxwtrjrn

Грчките лекари продолжуваат да апелираат до пациентите кои страдаат од симптоми на грип, да се лекуваат.Антибиотици не се бараат, сепак препорачливо е пациентите да бараат совет од лекар ако симптомите продолжуваат. Бранот од сезонскиот грип во Грција се повеќе зазема загрижувачки тенденции, а 99 пациенти западнале во одделите за интензивна нега од почетокот на епидемијата. Вкупно 35 лица се уште под надзор. Лекарите советуваат повеќе ранливите групи, особено постарите луѓе и децата со хронични здравствени проблеми да бидат повнимателни, бидејќи грипот обично може да доведе до компликации кај овие групи.

Слични содржини