Грк пронајден мртов во своето возило паркирано во Прилеп

од desk2

Вчера вечер околу 23,50 часот во Прилеп било пријавено дека на паркинг простор во населбата Точила во патничко моторно возило “Нисан Микра“ со грчки национални ознаки, на предното седиште бил пронајден починат В.М.(49) од Р.Грција.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без знаци на насилство. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Слични содржини