Stevco-Jakimovski-GROM-party
Лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски денеска на прес-конференција изјави дека изборите треба да се одржат на 24 април годинава или во април 2018 кога треба да се одржат редовните парламентарни избори.

Јакимовски упати порака до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и до лидерот на ДУИ Али Ахмети, мнозинството што го имаат во Парламентот да донесе одука која ќе значи излез од оваа ситуација.

– Избори без опозиција не бидуваат, но исто така и оваа ситуација не ја бидува. Преземете си одговорност за која сте бирани и имате мнозинство во Парламентот и да излеземе од оваа ситуација, рече Јакимовски.

За лидерот на опозицијата Зоран Заев рече дека држи во заложништво два милиони граѓани, целото стопанство кое трпи огромни штети и тоа, како што кажа, во најтешка политичка и безбедносна ситуација кога врие и Блискиот Исток и Балканот и цела Европа.

Јакимовски смета дека Парламентот треба да се распушти и да се одржат предвидените избори на 24 април и дека СДСМ со контролата врз МВР и ДИК има доволно време ако сака да го прочисти Избирачкиот список и да оди на избори.

Слични содржини