ГРОМ со спинови го храбри Иванов за нови аболиции

од Vladimir Zorba

Пренџов од ГРОМ нема право кога вели дека „образложението на СЈО за тоа зошто се откажува од обвинителниот акт е обична `ефтина манипулација` со аргументи кои наводно само тие ги знаат и никој друг во државата“, а изјавата дека „критизерите на аболициите го губат моралното право да критикуваат евентуално нови аболиции од страна на Иванов“ ја сметаме за недоследна

ГРОМ, чии лидер е  Стефче Јакимовски, соопшти/изјави став во врска со повлекувањето на СЈО од случајот „Пуч“ дека тоа го смета за аболиција за Зоран Заев и дека:

dsc_2689-300x199

„Ги потсетуваме оние на кои се однесува оваа аболиција од страна на СЈО дека единствен, согласно Уставот и изборната волја на граѓаните на Република Македонија, кој има право да изрекува аболиции е претседателот на државата, односно во моментот Ѓорге Иванов. Ние во ГРОМ сметаме дека овој непринципиелен потег на СЈО отвора врати за нови аболиции. Тогаш критизерите на аболициите го губат секое морално право за какви било критики за можно изречени нови вакви одлуки на надлежната институција во државата“.

[Извор: ГРОМ-веб страна, датум: 24.01.2017]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ваквиот став на ГРОМ претставен на прес конференција што ја оддржа организациониот секретар на партијата Љупчо Пренџов, го сметаме за недоследен, бидејќи де факто ѝ се обраќа на јавноста со порака дека Иванов не би требало да има морален проблем ако повторно објави некоја аболиција поврзана со истрагите или обвиненијата што ги тера СЈО. Се разбира, реченицата формално и де јуре е внимателно срочена, но де факто, пораката е таа – Претседателе, можете повторно да аболицирате и никој не смее да ве критикува поради тоа.

Иако ГРОМ е еден од најверните коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Грувески, тоа не е оправдување пред јавноста постапките на СЈО и Иванов да се израмнат: ниту станува збор за аболиција на СЈО за Зоран Заев, ниту, пак, Иванов има право да биде (повторно) неодговорен и да предизвикува продлабочување на политичкита криза и нови безбедносни ризици во земјава.

Аргументите зошто е спин, односно извртување на вистината дека СЈО де факто извршило аболиција во случајот Пуч „Вистиномер“ неодамна ги образложи. Но накратко, станува збор за важен случај од кој потекна тековната криза во Република Македонија, со обвинување од страна на тогашниот премиер Никола Груевски дека лидерот на опозицијата сакал да направи преврат и насила да (му) ја преземе власта.

Овој важен случај за кој имаше обвинение, но не и главна расправа пред надлежниот суд, е повлечен од страна на СЈО затоа што во други два случаја што ги води ова Обвинителство, „Тврдина“ и „Таргет“, е дојдено до докази што се во спротивност со доказите наведени во обвинението во случајот „Пуч“.

 Затоа Пренџов и ГРОМ немаат право кога велат дека „образложението на СЈО за тоа зошто се откажува од обвинителниот акт е обична „ефтина манипулација“ со аргументи кои наводно само тие ги знаат и никој друг во државата“.

Сосема спротивно, аболицијата од страна на претседателот Иванов од минатата години беше простување на евентуален криминал уште пред да има каква било судска одлука и тоа од 56 аболицирани лица, најголемиот дел се однесуваше на лица поврзани со истрагите на СЈО. Какви беа аргументите и на домашната и на меѓународната јавност се покажа преку двомесечната жестока криза и поделби што настанаа по ваквата одлука на Иванов, поради што, тој мораше конечно да ја повлече одлуката.

Оттука, тврдењето на Пренџов, т.е. на ГРОМ, дека „критизерите на аболициите го губат секое морално право за какви било критики за можно изречени нови вакви одлуки на надлежната институција во државата“, во најмала рака го оценуваме како недоследно.

Оцени: Теофил Блажевски

ИЗВОРИ:


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Слични содржини