Грција бара помош од европските земји против пожарите

од Vladimir Zorba

Грција побара  помош од европските партнери и веќе чека  од Кипар, за да се справи со три големи пожари.

Еден од нив предизвикува најголема загриженост – тој го опустошува еден од зелените дробови на реонот на Атина, соопштија пожарникарите.

“Поради опасноста од пожари”,   од неделата наваму на источното крајбрежје на Атика (главната градска  област) на околу педесет километри од Атина, земјата “побарала активирање на европскиот механизам за поддршка на цивилната заштита, помош со воздушни средства”, соопшти на прес-конференција портпаролот на пожарникарите Ставрула Малири.

Таа појасни дека земјата побарала и помош со четири авиони тип CL-415. Франција веќе најави дека
не е во можност да помогне, се соочува со два пожари во Корзика.

Кипар е од своја страна веќе ја понуди помошта на 60 пожарникари, кои ќе ги донесе со грчки воен брод.

Силите, кои се борат во Атика меѓу површини со шуми и грмушки, прошарани со вили, исто така беа
засилени во вторникот со 290 пожарникари, помогнати од 100 војници, пет авиони и седум хеликоптери.

Носењето оган од нестабилни ветрови  повторно се приближил во попладневните часови до населените области каде три куќи биле евакуирани превентивно, изјави за телевизијата “Скај”
Михалис Дасис, градоначалник на селото Капандрити во близина  на Каламос.

Близу до Амалиада во западниот дел на Пелопонез, веќе  е опустошено и  во 2007 година  и сега од уништувачки  пожари,  а уште еден голем огнен фронт се закани село Перистери, каде што локалните власти побараа евакуација на ранливи луѓе, возрасни и деца.
Третиот голем пожар кој ги мобилизира напорите на пожарникарите трет ден по ред,  и напредува  е на
туристичкиот остров Закинтос во Јонското Море.
Од Атика мирисот на изгорено се чувствува во центарот на Атина, каде небото периодично се
замаглува од чад.

Најмалку пет куќи беа уништени од огнот во понеделникот според локалните власти.

Од неделата вкупно 146 жаришта се регистрирани во целата земја, поголемиот дел брзо  се угаснати. Овие
пожари следеа релативно лесен период од гледна точка на летните пожари, традиционален проблем
за Грција поради високите температури и силните ветрови.

Како и обично пламенот ги распали  спорови меѓу опозицијата и владата, кои обвинуваат за  небрежност.
Локалните власти од своја страна го  посочуваат како причина недостигот на противпожарната авијација.

Премиерот Алексис Ципрас изјави преку владин портпарол дека прв приоритет е гасењето, анализите
на состојбите ќе се прават потоа.
Последните катастрофални пожари во Грција гореа во 2007 година во Пелопонез и на островот
Евбеја. Тогаш загинаа 77 лица  а 250 илјади хектари беа опустошени од пламенот. / АФП

Слични содржини