Грција пак штрајкува, Владата ги крати пензиите и даночните олеснувања

од desk3

Протести и штрајкови низ цела Грција, јавува Reuters.

Јавниот сообраќај, траектите, железничките станици но и државните службеници и здравствените работници го прекинаа работењето, протестирајќи против новите мерки на штедење  за кои се води дебата во грчкиот парламент поради барањата на меѓунаридните кредитори и поверители.  

Штарјкот го започнаа водечки јавни и приватни синдикати, еден ден воочи на информациите за реформитие кои би требало да овозможат исплата на следната транша на меѓународните кредити во износ од 86 милијарти евра. Грција пред неколку години се соочи со банкрот, а ЕУ и државите членки се сложија да помогнат ако Грците се прилагодат на строгиот режим на штедење.

Овој месец Грците се сложија на дополнителни мерки на рестрикција, после тешките преговори со кредиторите.
Кога реформите ќе бидат усвоени министрите за финансии на еврозоната ќе одлучат за новата транша и тоа за 5 дена на состанокот на 22. мај. Атина ќе мора веќе во јули да го врати доспеаниот долг од 7,5 милјарди ера. Дел од новите реформи вклучуваат и кратење на пензиите во 2019 гидина, укинување на даночните олеснувања 2020. и да се намали вкупната потрошувачка за 2 посто.

Слични содржини