Грција бара помош од Фронтекс за заштита на границите со Македонија и Албанија

од Vladimir Zorba

Грција инсистира од Канцеларијата на ЕУ за гранична контрола Фронтекс да помогне во напорите за заштита на границите.

ogradazh

Грција инсистира Канцеларијата на ЕУ за гранична контрола Фронтекс да помогне во напорите за заштита на границите со соседните Македонија и Албанија. Тоа го изјави   шефот на Фронтекс Фабрис Легери во интервју за  “Велт ам Зонтаг”.

Водиме преговори со Атина како конкретно може да изгледа таквата мисија, забележува тој. Според него резултатот од преговорите ќе зависи дали земјите-членки на ЕУ ќе можат да испратат во Грција доволно специјалисти. Владата на СРГ планира во иднина да зема  по 6.000 бегалци  годишно кои се наоѓаат во Грција и Италија, пишува “Велт ам Зонтаг”, повикувајќи се на извори од германското МНР

Слични содржини