Грција: Уапсени се две лица кои превезувале 20 мигранти

од desk2

Грчката полиција соопшти дека уапсила еден турски и еден бугарски возач на камион, кои превезувале 20 миграти во близина на границата со Турција.

Турскиот возач превезувал осум Пакистанци и по еден ирачки и сириски мигранти, додека во возилото на Бугарионот се наоѓале десет Пакистанци.

Грчката полиција наведе дека од Турција границата ја преминуваат околу 400 мигранти месечно.

Слични содржини