Во Брисел е реализирана  средба меѓу претставниците на Грција, Германија и еврокомесарот Димитрис Аврамопулос, по острата реакција на Грција против одлуката на Германија да го  прекине дејството на одредбите на Шенгенскиот простор за грчки граѓани , соопштуваат грчките медиуми.

Според одговорот на германското Министерство за внатрешни работи на прашање поставено од германската новинска агенција ДПА, внатрешните гранични проверки за грчки граѓани беа воведени на 12 ноември , и тие ќе продолжат во наредните 6 месеци .

Грчкото Министерство за надворешни работи одби да го коментира случајот, иако дипломатски извор сугерираа дека ” официјален протест бил направен на различни нивоа “.

Во различни информации во грчките медиуми се наведува дека грчките граѓани кои пристигнуваат на германските аеродроми, се одвојуваат од другите граѓани на земји членки на Шенген зоната,   ги превезуваат до друго објект каде се подложени на екстензивно испрашување и проверки .

Од германското Министерство за внатрешни работи истакнале дека причината за различното однос кон грчките граѓани е околноста дека околу 1.000 патници кои пристигнале на германски аеродроми од Грција во периодот меѓу јануари и октомври оваа година, поднеле лажни документи за патување.

Наташа Берт која е портпаролка на Европската комисија, изјави дека Германија е една од земјите во ЕУ, во  која е возобновена граничните проверки за пристигнуваат граѓани од земјите од Шенген зоната, кое има за цел ограничување на илегалната имиграција .

Според Берто, Берлин уверил дека мерките ќе бидат “насочени и ограничени ” и имаат за цел зајакнување на внатрешната безбедност.