Грците стравуваат од нов голем бран бегалци и мигранти

од Vladimir Zorba

 Ненадејното зголемување на бројот на мигранти кои пристигнуваат од Турција предизвика загриженост кај грчките власти, кои во наредните неколку дена ќе утврдат дали брзиот пораст е случаен или почеток на нов бегалски бран.

Од петокот до вчера на грчките острови во Егејското Море пристигнале вкупно 643 мигранти, а вчера попладне во два чамци пристигнале уште 114 лица.

Во прифатните центри на неколку грчки острови веќе подолго време владее тензична атмосфера. Во повеќето објекти се сместени двапати повеќе мигранти од што дозволва капацитетот, а нивната судбина е неизвесна затоа што барањата за азил воопшто не им се разгледани, ниту пак знаат дали ќе бидат депортирани. Локалните жители на островите исто така губат трпение, а десетици мигранти се уште секојдневно пристигнуваат од турското крајбрежје.

Во камповте на Лезбос, Хиос, Самос, Кос и Лерос во моментов има повеќе од 14.400 мигранти

Слични содржини