Груби: Решението за името може да биде без уставни промени и без „ерга омнес“

од desk4

Артан Груби од ДУИ вечерва во гостување на телевизија 24 рече дека може да се изнајде достоинствено решение за спорот за името без да се менува македонскиот Устав и без решението да биде „ерга омнес“, односно да не биде за севкупна употреба.

Тој на ова дополни и дека со едно такво достоинствено решение македонскиот јазик ќе си остане македонски.

Груби рече дека ДУИ смета дека референдум не е потребен, но доколку се одлучи референдум сепак да има, ДУИ ќе направи се за тој да биде успешен.

Слични содржини