Груевски: Ако сакал некој да го убие Заев, ќе го убиел

од Vladimir Zorba

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју на Топ Тема рече дека доколку некој сакал да го убие претседателот на СДСМ, Зоран Заев можел да го убие, негирајќи ја неговата изјава дека во парламентот имало обид за убиство.

Ако сакаше некој да го убие Заев, ќе го убиеше. Сто души имаше на пет метра од него, ќе извадеа пиштол и ќе го убиеа. Јас сум против насилство, но апсурдна е изјавата на Заев, ако во салата имате сто луѓе и ако дошле со таква умисла, можеа тие да го убијат, рече Груевски.

Тој кажа дека се слушнал со Митко Чавков за да го праша што се случува. Но немаше одговор како тој успеал да го добие Чавков, а министерот за внатрешни цела вечер не можел.

Груевски изрази и жалење за тоа што се случи со Зијадин Села, и како што рече насилството не било поттикнато од реториката на ВМРО-ДПМНЕ кон пратеникот на Алијансата на Албанците.

ВМРО нема антиалбанска реторика, најдете една реторика во која зборуваме лошо за Албанците. Нема антиалбанско во нашата реторика, јас жалам за Зијадин Села, но да не заборавиме чија реторика ги разгоруваше масите во минатите недели? Кој зборуваше дека Македонците немаат корен?

На прашањето што ќе се случи доколку и мнозинството во парламентот ги повика сите 800.000 гласачина улица, Груевски рече дека ткму и од нив имало во протестите кои секојдневно се одвиваат на улуците.

-На протестите имаше многу гласачи на СДСМ, не се само наши луѓе, имаше и наши луѓе, тоа не е спорно, но во таа маса имаше народ од секаква провиниенција, рече Груевски.
Груевски кажа дека не знаел кои се луѓето со качулките кои синоќа се однесуваа насилно во парламентот и дали се работи за екс затвореници.

Слични содржини