На првата точка на дневен ред на Собранието на Република Македонија, беа предложени новите министри и заменици-министри од редовите на СДСМ.

gruevski2

Премиерот Никола Груевски ја образложи одлуката за избор на нови министри.

Тој рече дека во согласност со Договорот од Пржино, како премиер, предлага нови министри во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика.

– Очекувам новите министри и заменици да ги испочитуваат своите обврски и да не ги кочат почнатите проекти на Владата. Очекувам да бидат посветени на решавање на проблемите на граѓаните на Република Македонија. Очекувам нивна посветеност и одговорно работење. Од моментот кога ќе бидат избрани, тие ја земаат целокупната законска и политичка одговорност пред сите граѓани на Република Македонија – рече Груевски.

Тој истакна дека очекува да работат според закон, без да ги мешаат партиските цели.

– Ќе продолжам будно да го следам секој чекор на министрите во интерес на граѓаните и на државата, но и да реагирам во случај на несоодветно однесување – изјави Груевски.

 

META

Слични содржини