Груевски длабински ќе анализирал дали е виновен и кога да даде оставка!?

од Vladimir Zorba
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во специјалното издание на магазинот „Седмица“ на ТВ Алфа повторно  не се изјасни дали  тој ќе даде оставка  и покрај катастрофалниот резултат и  претрпениот пораз на локалните избори.

– По дефиниција одговорноста и во партиите и во спортски тим ја носи првиот човек, ама  за тоа ќе се дискутира по изборите . Јас не бегам од тоа, секако дека ја имама најголемата одговорност, но за тоа ќе се дискутира по изборите, откако ќе се направи длабинска анализа, внимателно ќе се издискутираат сите аспекти и потоа ќе се постават работите онака како што е најдобро за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија – рече Груевски за тоа дали ќе поднесе оставка.

Груевски рече дека локалните избори се нерегуларни, но како што рече, набљудувачите и амбасадрите  не сакаат да го видат тоа. Тој тврди дека имал многу притисоци и пресметки со граѓаните.

Тој посочи дека втората работа која се случила на изборите, а во врска со резултатот е тоа што ВМРО било казнето и била испратена порака до него и до раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

 

-ВМРО-ДПМНЕ имаше свои традиционални политики и тие (граѓаните)отценија дека ВМРО изврши отстапување од сопствениот идентитет кој се заснова најмногу на заштита на националните и државни интереси и градење проекти. Отстапувањето некои го почувствуваа во првиот дел, дека не се задоволни од тоа што така го примиле. Ние на овие избори и во периодот пред него се обидувавме да им се допаднеме на некои други и тоа не им се допадна на дел од нашите традиционални гласачи. Не е срамота да се обидете да освоите други гласови, на луѓе кои традиционално не се наши гласачи, но изгледа ние тоа го направивме многу нагло. По дефиниција одговорноста ја носи првиот човек и јас не бегам од тоа, но за тоа ќе се дискутира после изборите. Ќе се постават работите онака како што е најдобро за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија – рече Груевски во интервјуто за Алфа.

 

Слични содржини