Груевски доби мандат ама нема избор, иако и Црвенковски влегол во игри!

од Vladimir Zorba

Интересна е информацијата дека дури и Бранко Црвенковски деновиве се сретнал со Али Ахмети и разговарал за комбинаториките, и веројатно и тој правел некаков пазар, за неколкуте свои кои му останаа. Му кажал ли Ахмети на Заев, ќе видиме.

 

Очекувано беше претседателот Иванов да му го врачи на својот идеолог и идол Никола Груевски мандатот за  тој  да направи влада по последните избори, на кои само 2 пратеника има повеќе таа неговата ВМРО ДПМНЕ,  која го постави за претседател , функција за која никогаш и не сонувал. Ако беше виситнски претседател, на сите граѓани, а оттука и партии, ќе ги поканеше сите парламентарни партии на една рунда разговори, ќе ги слушнеше, ќе проценеше и ќе решеше кој би можел да ја направи идната влада. Иванов немаше храброст ниту да одглуми. Вака тој си ги потроши и последните 5 минути кога нешто можеше да направи за државата и наместо тоа само му кажа уште едно„ фала ти“ на Груевски, јас сум твој претседател.

Сепак работите и не стојат така лошо, и може да го имаат и ваквиот редослед. Да одиме по бројките .На предвремените парламентарни избори одржани лани на 11 декември ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место. За просто мнозинство потребни се уште 10 пратеници од 120 пратеници. Сега Груевски треба да се преброи.

Тој сега ќе почне и јавно да се гледа со оние со кои последните денови пред и по Нова година тајно си преговараа.

Партијата на Али Ахмети  ДУИ има 10 пратеници, движењето Беса 5, Алијансата за Албанците 3 и ДПА 2.

Во јавноста се тролаат најразлични приказни и шпекулации колку пратеници купил Грујо, колку се продале, кои милиони  бизниси се во оптек и се сервираат и така во манир на досегашните функционирања на партиите и на практицирање на политиката и власта, партиските мегафони шират, но сепак сè тоа изгледа дека баш и не поминува.

Манџата ја замеша и т.н. платформа или декларација на Албанците, ама тоа е само фолклор во целиот битен амбент кој не го диктира ниту Ахмети, уште помалку Еди Рама, а најмалку Хашим Тачи.  Тоа е фина мобилизација и отстапница за сите ама да не заборавиме на долг рок.

Целото тоа замешателство малку му помага на Груевски да си замине со колку-толку подигната глава на привремен престој во опозиција, се разбира само за некое време.

Токму поради тоа Груевски во интервју за „Дневник“ искрено ќе порача  дека ќе се обиде да состави влада, но не по секоја цена. „Ако се оди по досегашните установени принципи во Македонија, би требало да составам влада. Ако се прекршат, сè  е можно“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можно е

Востановените, според препораките на ЕУ и САД, непишани принципи се дека партиите кои освоиле најмногу пратеници меѓу своите гласачи, се мисли на довербата освоена кај Македонците и кај Албанците, треба да бидат дел од владината коалиција.

Така е, ама заборави ли Груевски дека тој приципите ги потроши многу одамна со еден куп ветувања до ЕУ, еден куп ветувања до САД,  десетици пати одлагања на ветеното, од името до реформите, изразувањето на отворено непријателство кон амбасадорите, па  тој историски за него протест на говор на омраза пред ДИК, па  други големи инциденти и настани кои ги знаат меѓу себе и тој и странците- чисто принципиелно! Веројатно тој договор според него  принципиелно е згазен, или само преименуван во моќта на посилните, а не на побројните.

И принципиелно  сепак зависи што е целта, успех и просперитет на државата или успех и власт на поединецот Груевски !?

Тука посилни се дефинитивно сите гласови против Груевски, а не кој има повеќе Заев или Груевски и бројката на поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ.

Така што сега насоката е  бројката на пратеници, а не бројот на гласови. Тоа заврши со ДИК и пред ДИК.

Интересна е информацијата дека дури и Бранко Црвенковски деновиве се сретнал со Али Ахмети и разговарал за комбинаториките, а веројатно и тој правел некаков пазар за неколкуте свои кои му останаа. Му кажал ли Ахмети на Заев и што пазар е, ќе видиме.

Ако Груевски не успее да се договори со Ахмети, тогаш за очекување е дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе го добие мандатот за формирање на собраниско мнозинство и избор на нова влада. СДСМ освои 49 пратеници.

Од ДУИ  не го откриваат конечниот одговор иако нивните партнери во „албанското ново братство“ веќе се изјаснија дека не одат со ВМРО ДПМНЕ. Од Беса велат дека нема да коалицираат со лица осомничени од страна на СЈО, а во Алијансата на Албанците велат дека нема да коалицираат со ДУИ и со ВМРО-ДПМНЕ затоа што нивните политики се „штетни за граѓаните“.

Од ДУИ се разбира велат дека  дека се договараат и со ВМРО-ДПМНЕ , но не ја отфрлаат можноста за преговори и со СДСМ. И тоа во оваа фаза е стандард.

Како и да е,  Иванов се потруди да му купи време на Груевски, но тоа според овие сегашни  бројки на припадност на пратениците изгледа нема кој знае колку да му значи на Груевски.

 

Рокот за формирање собраниско мнозинство е 20 дена.

Колку за тестирање на состојбите и ставовите, не е иклучено во тој меѓу период да се избере и претседател на парламентот, и да се види чие мнозинство ќе игра и гласа, онаа на Груевски или онаа на Заев. Во кулоарите се зборува и дека веќе е фаза на барања и делба на места во новата влада, така што не е исклучено да се почне со тоа колку за потврда на договорите.

Во тој контекст неизвесно е дали ќе се чека до крај или Заев предвреме ќе му ги скрати маките на Груевски и ќе излезе со списокот на новото парламентарно мнозинство кое може да собере бројка од 69 пратеници.

Можната  коалиција е  меѓу СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците со мнозинство од 67 пратенички места (49+10+5+3), и плус  двете пратенички места на ДПА, па мнозинството да биде од 69 пратеници.

Тоа до локалните избори ќе биде стабилно мнозинство, а за потоа веројатно одоговорот ќе го дадат бројките на локалните избори.

Ад

 

 

Слични содржини