Груевски дојде на разговори со Хан, но не сакаше да се слика ниту за твит

од desk2

Во тек е средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан и европратениците, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн.

„Јоханес Хан и европратениците на разговори со Никола Груевски. Итно е потребна нова влада. Види го парламентарното мнозинство. Уставот мора да биде почитуван“, напиша на „Твитер“ Мајкл Карнитшниг, кој е дел од тимот на Хан, но без фотографоја од присутните.

За разлика од претходните твитови од средбите, на кои имаше фотографии од Хан и неговите соговорници, во овој се фотографирани само знамињата на Македонија и на Европската Унија во салата каде се одржуваат средбите на лидерите на политичките партии со еврокомесарот.

Груевски не им дозволи ниту на медиумите да влезат во салата и да направат инсерти од средбата.

Тој по прогласот што го прочита пред ДИК на 17 декември минатата година, во кој ги искара странците, не се фотографира со претставниците на меѓународната заедница.

Претходно Хан и тројцата европратеници имаа средби со лидерите на СДСМ, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците./Мета

Слични содржини