Груевски го информирал Билт за „приоритетите кои и се добро познати на јавноста“

од Vladimir Zorba

Поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија, Карл Билт вечерва отпатува за Србија, по средбите со лидерите на парламентарните партии во Македонија.

Билт својата посета ја заврши со средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но оттаму не откриваат повеќе датали за средбата. На прашање на „Мета“, дали ќе има соопштение за средбата, рекоа „не“, и ни ја испратија следнава порака:

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со членовите на раководството на партијата ги прими претставниците на невладината организација Европски совет за надворешна политика, предводена од Карл Билт. На средбата ги тој соопшти приоритетите на Република Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ, кои и се добро познати на јавноста“.

Шведскиот дипломат на одделните средби со лидерите на СДСМ, ДУИ и Беса, разговарал за политичката состојба во Македонија, за можните решенија за излез од кризата, но и за притисокот врз невладините организации по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември.

Билт рече дека не носи решение, туку дека тука е да ги сослуша политичките лидери, кои треба да го најдат патот до решението. Сепак, тој на „Твитер“ даде свое мислење кои се трите клучни точки од кои треба политичарите да се водат при решавањето на кризата.

„Демократија. Устав. Европа. Почитта кон овие три работи ќе ја однесат Македонија напред. Тоа беше мојот одговор на прашањата од новинарите во Скопје“, напиша Билд.

Слични содржини