Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски денеска од скопски Ѓорче Петров порача дека тие се целосно подготвени за избори на 5 јуни.

gole i grujo
“Парламентот донесе одлука избори да бидат на 5 јуни ВМРО-ДПМНЕ и ние сме целосно подготвени подготвени да излеземе на изборите на 5 јуни. Работа на ДИК е да си ја заврши својата работа поврзаната со избирачки списоци или со што друго сака. Ние имаме само двајца од вкупно 9 претставници во ДИК. Јасно е дека таму друг го има мнозинството, односно контролата и се надевам дека нема да има нови кочења и тоа не е наша работа. Наша работа како политичка партија е да ја следиме одлуката на парламентот”- додаде Груевски

Германската амбасадорка: Никој не знае дали навистина ќе има избори на 5 јуни

“На прашањето за евентулано помилување на криминалци по последната одлука на Уставниот суд Груевски изјави дека не врува дека Иванов ќе направел некаква злоупотреба на правото.
Познавајќи го претседателот на државата, јас не верувам дека тој ќе направи некакви грешки или злоупотреби или било што што не е соодветно. Инаку што се однесува до тој закон јас имав свое мислење кое што беше идентично со мислењето на партијата која ја предводам во 2009-тата кога предложивме одредени ограничувања во законот кој што сега Уставниот суд ги укина, истото мислење го имам и сега, но Уставниот суд донесе поинаква одлука”-посочи Груевски

Слични содржини