Лдерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски, ќе вечера со опинион мејкери во Вашингтон, информира Либертас, која се повикува на дипломатски извори.

gruevski-bajden-640x360

На листата на заинтересирани за вечерата што ја организирала консултантската фирма „Дашл груп“ се имињата на Груевски и Попоски.

 Извор појаснил дека овие вечери кои се плаќаат се за средби со познати опинион мејкери. Груевски на вечерата најверојатно ќе бара совети од такви експерти кои би го подучиле како да го поврати урнисаниот имиџ, особено по опозициските болби, вели изворот за Либертас.

Шпекулациите за евентуална предизборна фото сесија со Хилари Клинтон изворот на Либертас не може да ги потврди.

– Слушнав дека имало обид од негова страна за такво нешто но не сум баш уверен дека Хилари би направила такво нешто сега во финишот на кампањата кога треба да биде највнимателна. Но ќе видиме, се е сепак можно – вели дипломат кој инсистирал на анонимност./Либертас

Слични содржини