Груевски – Иваниќ: Односите помеѓу двете земји се пријателски и со взаемно разбирање

од Vladimir Zorba

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска заедно со Владимир Ѓорчев и Александар Николоски се сретнал со претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.

Двајцата соговорници позитивно ги оцениле односите помеѓу двете земји кои се карактеризираат со взаемно пријателство и разбирање.

Груевски, како што се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, го запознал својот соговорник со аспектите на политичката криза наметната од опозицијата, и позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на клучните прашања и начините за надминување на предизвиците.

Разговарајќи околу можните решенија, во соопштението се вели дека „ВМРО-ДПМНЕ ја повториле оценката дека единствениот начин за излез од политичката криза, и постигнување на стабилност е спроведување на брзи парламентарни избори, заедно со редовните локални избори каде граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат за тиранската платформа која ја прифати СДС.“/Мета

Слични содржини