Договорот во раните утрински часови  според првите оценки е силна основа за враќање на Македонија во рацете на граѓаните И Хан и Нулан ја знаат содржината и тие се гарантите на истиот. Секој неправилен чекор, повлекува контрамерки и и нема бегање од истиот.

przino_noke1

Според него , Груевски мора да си даде оставка, од Јануари  опозиционерите ќе се вратат на пратеничките места во Парламентот на 1 септември, ќе ги добијат МВР, труд и социјала, како и заменици министри со право на вето во финансии, земјоделство и јавна администрација, а ќе биде избран и независен јавен обвинител што ќе ги испитува „бомбите“.

„Имавме договор потпишан од лидерите на најголемите четири политички партии. Задоволен сум од она што се постигна, за договорот за предвремени избори. Ќе се фокусираме на имплементацијата на препораките од извештајот на Прибе и останатите препораки од ЕК. Овој ден, оваа ноќ е одлична за вашата земја. Широко ќе ги отвори вратите кон евроатлантските перспективи. Можете да бидете горди на вашите лидери кои ќе ве водат кон просперитетна иднина. Ова е совршен моментум за вашата земја. Меѓународната заедница ја препозна потребата за помош на земјата, за да ги направите потребните реформи. Токму ова беше договорено вечерва“, рече еврокомесарот Јоханес Хан по целоднените маратонски разговори со лидерската четворка.

Хан потенцираше дека за договорот е известена и Нуланд. Како што рече, следат нови консултации во Брисел за проценките за сите потребни реформи во земјата, во септември ќе има дијалог на „високо ниво“, но и извештај за прогресот на Македонија во однос на препораките на Прибе и ЕК.

Потврда за договорените точки дојде и од европратеникот Ричард Ховит, кој изминатото деноноќие заедно со Едвард Кук и Иво Вајгл му помагаа на Хан во обидот да ги приближи ставововите, главно на Груевски и Заев.

ховит

„По медијацијата со Јоханес Хан соопштуваме договор за Македонија – опозицијата да се врати во Собрание, избор на нова влада и предвремени избори“, напиша на својот Твитер-профил европратеникот Ховит.Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев најавија посебни прес-конференции со детали од новиот договор.

Слични содржини