Никола Груевски ќе ја предводи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите закажани за 5 јуни во првата изборна единица.

Министерот за надворешни работи пак, Никола Попоски ќе ја предводи листата на владејачката партија во втората изборна единица.

koalic

Координаторот на пратеничката група, Илија Димовски ќе ја предводи третата изборна единица, додека министерот за здравство, Никола Тодоров четвртата.

Антонио Милошовски е носител на кандидатска листа во петтата, а во шестата изборна единица е пратеникот, Влатко Ѓорчев.

Останатите три големи партии, потписнички на Договорот од Пржино – СДСМ, ДУИ и ДПА, најавија дека нема да поднесат листи, односно нема да излезат на избори на 5 јуни.

Денеска претходно партијата Народно движење за Македонија (НДМ) на Јанко Бачев поднесе кандидатски листи за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Социјалдемократската партија на Македонија на Бранко Јаневски исто така ги доставила своите кандидатски листи до ДИК.

Слични содржини