Специјалниот јавен обвинител ќе ја има сета поддршка за ефикасно и професионално работење, изјави вечерва за ТВ Сител премиерот Никола Груевски.

грујое

– Задоволство од законот и личноста која е висок професионалец со меѓународни обуки и која спроед искуството укажува дека ќе стане збор за личност која професионално ќе може да се носи со работата. Ќе ја има целосната поддршка, сакаме најтранспарентно и најефикасно да си ја обавува работата. Мислам дека со изборот успеавме да спречиме било какви тензии и на некој начин ги демантиравме сите шпекулации дека сме сакале да нема договор. Од наша страна сме целосно коректни – вели премиерот.

Премиерот смета дека е добро за државата што специјалниот обвинител е избран навреме и дека со тоа се покажува посветеноста и коректноста на владејачката партија.

 

Слични содржини