Груевски: На конгресот на СДСМ гледаме луѓе препознатливи по корупција и криминал

од Vladimir Zorba

На конгресот на СДСМ гледаме луѓе препознатливи по корупција, криминал, по лажни информации и лажни ветувања, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по официјалното пуштање во работа на германската инвестиција Лутекс во погоните на поранешна „Нонча Камишева“ во Велес.

-Ги гледаме горе-долу истите луѓе коишто ги препознаваме од нивното владеење, по корупција, по криминал, по неработење, по лажни ветувања, по манипулации, по лажни информации, обвинувања на противникот, наместо фокус и концентрација на нови проекти, на нешто што ќе го подобри животот на народот – фокус и концентрација на противникот, на опонентите, да ги оцрнат, да фрлат лаги врз нив и невистини – изјави Груевски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ секогаш кога доаѓале на власт ветувале реформи, но рече дека никој не се сеќава на ниту една реформа од СДСМ.

– Секогаш со фанфари доаѓаат во владата и кажуваат какви се не реформи ќе направат, каков живот ќе донесат, како ќе биде подобро, но граѓаните нека размислат кои реформи биле направени во времето на СДСМ – додаде Груевски./Мета

Слични содржини