Министерот Зоран Ставрески вчера одржа прес-конференција и самиот кажа дека автентичноста на разговорите ќе се докажува во една судска постапка така што не би имал што да додадам надвор од тоа, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира вчера објавените разговори меѓу вицепремиерот и министерката Гордана Јанкулоска.

груевс

 

– Ние сме долги години соработници и одлично се познаваме. Многу работи сме ги разрешиле заедно, низ многу дијалог и дебати и сме доаѓале до најдобро решение, преку многу разговор. Tака што, немаме таков проблем, како што мислите дека имаме, за да се погледнеме и да соработуваме, истакна Груевски.

Груевски не сакаше да ги коментира навредите и заканите за трескање телефон од глава кои ги слушнавме на снимките. Тој рече дека ниту тој, ниту Мијалков не го натерале Ставрески да одржи прес конференција.

На снимките кои вчера ги објави Заев, може да се слушнат зборови како „лудаци“ и „забегани“, а за Груевски и дека е „човек што изгубил контакт со реалноста“ и многу пострашни и повулгарни нешта.

Слични содржини