– Не се спрема апсење на Заев, рече Груевски кој присуствуваше на отворањето нова спортска сала во скопското село Љубанци. Тој не сакаше да одговара на прашања поврзани со содржината на објавените аудоснимки на прес конференција на СДСМ за спрегата меѓу извршната и судската власт и одредени медиуми, како и за наводниот “упад“ на странски служби во безбедносниот систем на Македонија. Тој прашан за коментар за изјавата на поранешниот известувач за Македонија во Европарламентот, Ричард Ховит, дека дел од европратениците се загрижени поради можноста за апсење на претседателот на СДСМ кажа:

 

– На ова прашање одговорив на мојата прес конференција во средата, на која одговорив на сите прашања на новинарите, до последното, вклучително и на ова така што нема што да додадам – рече Груевски и посочи дека нема да го прифати барањето на Здружението на новинарите на Македонија да даде оставка од функцијата премиер поради обвинувањата од СДСМ дека власта прислушувала повеќе од сто новинари

Слични содржини