Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со експресна реплика преку Твитер на протест-барањето на амбасадорите кои му застанаа пред владата  и му испорачаа конкретна предупредувачка порака, дека само договорот е најдобриот начин за излез од политичката криза.

Macedonia PM Nikola Gruevski 1 (Government photo)

 

По изјавата на пет странски амбасадори кои директно го посочија премиерот Никола Груевски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, како виновни за кочењето на преговарачкиот процес и неисполнување на Договорот од Пржино, тој по еден час директно до Дубаи, каде е на посета,   на својот Твитер профил напиша. Македонскиот народ одлучува за својата иднина !

 

 

 

Вчера , за прв пат, 5 странски амбасадори излегоа протестно пред Владата на РМ и повкаа да се почитува договорот од Пржино. Тие директно го посочија премиерот Никола Груевски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, како виновни за кочењето на преговарачкиот процес и неисполнување на Договорот од Пржино.

. Како што рече британскиот амбасадор Чарлс Гарет, амбасадорите во петокот на средбата со Груевски го искажале своето разочарување што не се испочитувани договорените рокови.

„Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да демонстрира ангажираност за имплементација на договорот, конструктивност, добра волја и ургентност. Го повикуваме Груевски да го охрабри неговиот тим да најде решение за отворените прашања за брзо спроведување на реформите. Со имплементација на забелешките да обезбеди избори кои ќе бидат признаени дома и надвор од Македонија. Притоа да покаже отчетност за евентуалните прекршувања“, рече Гарет.

Сепак, по се изгледа Груевски одлучил да не ја послуша меѓународната заедница и да не го исполни својот дел од договорот.

Тоа го најави уште во петокот вечерта на прославата за 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, непосредно пред средбата со амбасадорите во владата.

– На изборите на 24. април народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба. Нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми – рече Груевски.

Токму овој говор, но преведен на англиски јазик, е објавен на страницата на владата, и беше споделен на Твитер профилот на премиерот Груевски попладнево, во 16:41 часот, на еден час по дадената изјава од амабасадорите од пред зградата на владата.

Инаку не е познат ваков преседан во дипломатијата петте најмоќни амасадори на ЕУ  САД Велика Британија, Франција, Германија Италија во рок од два дена да доаѓаат со изјави пред,  а не внатре во  владата , и најсилната порака на дистанцирање и несогласување е да предупредуваат,  како протестанти  да застанат пред влада , без да имаат никаков прием и да упатуваат пораки и изјави до владата на Груевски.Овој тип на испорачување барања и став на меѓународната заедница всушност е најсилната порака до Македонија дека  без договорот од Пржино одиме во погрешна насока и надвор од ЕУ. Освен ако тоа не е целта за структурите кои го прават тоа.

Слични содржини