„Не прифаќам дека за се во државата додека бев премиер сум одлучувал само јас. Стојам на ставот и понатаму дека бомбите се всушност креирани и монтирани и се плод на странски служби“, рече во интервју за емисијата „200“ на Алсат-М телевизија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и екс-премиер Никола Груевски.

Ако немало злоупотреба од власта, односно од УБК, зошто најодговорните, како Горан Грујевски побегнаа откако им беше одреден притвор, праша новинарот Назим Рашиди. Груевски се огради дека не знае зошто побегнале и каде се.

Прашан како ќе води изборна кампања пред граѓаните кога лично тој од СЈО е во неколку предмети осомничен, Груевски рече дека се било монтажа и дискредитација на неговата личност.

– Немам никаква вина и народот тоа го знае, секој може да пишува обвиненија и Заев има па стана премиер – рече Груевски тврдејки дека Мијалков сам се повлекол од врвните функции во партијата и дека тој одлучил да стави свежи лица за нови победи.

На Груевски му било жал за хоророт во парламентот на 27 април но смета дека сега владеачкото мнозинство постапило неуставно и неделовнички и направиле провокација. Груевски рече дека не знае дека Муковски и уште неколкумина пратеници од неговата партија им отворија врати на демонстрантите, дека не видел, но видел како Влтко Ѓорчев и други им помагале на нападнатите пратеници од, како што рече, гневни граѓани. Прашан дали разговарал, на пример, со Тарчуловски, помагал толпата да влезе, рече дека тој такво нешто не видел.

Слични содржини