Груевски: Незрели политичари одлучиле да ја ослабнат ВМРО ДПМНЕ

од desk3

Спремен сум на секојдневни лажни вести за мене, лажни обвиненија, но и ВМРО ДПМНЕ не смее да се плаши, барам од вас да верувате. Ги следам повиците за виетнамско сценарио, улични борби, паравојски и што уште не, тоа е се заради емотивен набој од неправдата која и с е случува на државата. Јас тоа нема да го дозволам, тоа не е решение и ако цената сум јас. Ова е последниот бедем, не го заборавјте тоа, рече Никола Груевски, на прославата на 27 години постоење на ВМРО-ДПМНЕ и 124 години од основањето на Организацијата.

„Единствени” е слоганот со кој се одбележува роденденот на партијата. Пред Музејот на ВМРО ДПМНЕ се одржа свечен собир на кој пред присутните членови на партијата се обрати лидерот Никола Груевски.

„Нашата арматура не држеше да не изгубиме кај нас и во светот. Непобедени, непокорени, единствени кога требаше да се застане во одбрана на државата, во реформите и новите работни места, пред непоколебливоста за стратешките интереси за државата, за клучните прашања за Македонија, единствени во многу одлуки кои не прават одлучни и кога бевме од сите страни нападнати со нетипични оружја во политиката. Да потсетам на големото револуционерство на основачите на ВМРО, а нивната идеја продолжи, некои во партизанските одреди, други во комунистичкиот режим. Ние ја имаме одговорноста кон нашето време и не смееме да потфрлиме во таа задача“, рече Груевски пред присутните членови на ВМРО ДПМНЕ.

Груевски со остри зборови ги нападна медиумите за кои рече дека не известуваат објективно, дека биле наклонети кон актуелната власт. За власта рече дека е незрела и дека нема да помине кај народот.

„Погледнете што направија со најгледаните медиуми, на најгледаните телевизии нема ниту еден критички прилог за новата власт. 80 одсто се афирмација на новата власт. Тоа никому не му пречи, се е идеално. Видете ги СЈО без докази ќе штанцаат обвинение за 120 луѓе од ВМРО ДПМНЕ без никакви докази.

Целиот тој наплив на назрелост нема да им помине кај народот. Ако СДС имаат некоја меѓународна поддршка и веруваат дека тоа вечно ќе трае, тогаш ќе имаме краток опис  на новата влада, незрели политичари без визија кои имаат омраза кон нас, особено кон мене. Сега наумиле нов план да го ослабнат ВМРО ДПМНЕ пред локалните избори и партиски да завладеат со судството и медиумите, судството да ги гони нашите челници. Тргнаа на ѓон и еден ден не така далеку од сега, ќе завршат на ѓон. А, нас ќе не преставуваат тоа што не сме“, рече Груевски.

Тој упати порака  до раководството на СДСМ дека може да сметаат на нив за важни прашања.

„Посакуваме брз прием во НАТО, ако има чисто и недвослмслено прашање и за влез во ЕУ. Но, ВМРО ДМПНЕ ќе спречи лоши решенија и злоупотреби, партизација на интситуциите, нестручност или алчност. На непријателите им треба поделен ВМРО ДПМНЕ, нашата битка не завршува овде, туку допрва почнува“, рече Груевски, а неговиот говор беше проследен со ракоплескање од присутните членови и симпатизери./НоваТв

 

Слични содржини