ГРУЕВСКИ:Ова е напад врз ВМРО ДПМНЕ и нејзиното раководство- нема повеќе конструктивност!

од Vladimir Zorba

ВМРО ДПМНЕ се нападнати, таргетот е напад на ВМРО ДПМНЕ,  и стотина уќе од нејзинто раководство,нема да не скршат ние остануваме на браникот на државата. Нападнати се сите се со цел да не тргнат, а целта е да се заплашат нашето раководство,  новинарите судиите и целиот народ на Македонија, истакна лидеорт на ВМРО ДПМНЕ по денечните обвиненија по кои за него и челниците на партијата и ред нивни функционери се бара притвор и други мерки за претпазливост

Нашиот грев е што 11 години бевме на браникот на одбраната на интереситена државата , за  името на државата, на нацијата и јазикот со идентетот и не потпшиувавме разни штетни договори, потоа се боревме за унитарноста на државата како што ја сака нашиот народот, а не некој друг, истакна во обраќањето Груевски.

Нее сме голема партија со 170000 членови и  455000 гласачи , и ова е срамен и кукавички напад ,  ова го нема никаде во светот, посегнаа на најбрутален начин да се пресметаат со нас.

Водени се од омраза и гнев, но ова нема така да помине и нема да го преспиеме се ова порача Груевски

Конструктивноста заврши  токму денеска, е сега е време за историја таа да суди и решава, и ние се плачиме само од тој суд.

Ова ќе заврши како и СЈО  и тие ќе бидат само  дел од историјата. Тие сакаат да ја срушат Македонија. Брзо ке дојде денот кога ќе сватат дека кругот се врти и од горе да се најдат доле им порача Никола Груевски

Знаеме дека раководството на СДСМ ги координирале активностите со СЈО и некои судии за да ВМРО ДПМНЕ се покаже како злосторничко здужение , а всушност тоа се  тие.

Ова е класична политичка и антимакедонска позиција.

Кратко ќе им трае оваа задоволство порача  во краткото попладневно обраќање лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, како одговор на обвинувањата од СЈО.

Во живо: Прес конференција на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Публикувахте от Nikola Gruevski в Четвъртък, 29 юни 2017 г.

Инаку, Специјалното јавно обвинителство бара притвор за Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни измами.

Притвор се бара и за Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, Елизабета Канческа Милевска, поранешна министерка за култура и за Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер. СЈО бара притвор и за Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба и за уредникот во Сител ТВ, Драган Павловиќ Латас за случајот Тотал. Вкупно, СЈО бара притвор за 18 лица.

Слични содржини