Груевски: По три четри пати неделно сме на Суд – власта врши политички прогон

од desk2

СЈО призна дека постои начин да се контаминираат и обработуваат снимените материјали, изјави денеска пред Судот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка Никола Груевски.

– Тие креирани материјали не може да бидат доказ меѓутоа под притисок на власта Апелацискиот суд донесе одлука иако е свесен дека е незаконска. И покрај тоа нашите бранители побараа да ги имаат и добија одговор дека не може од причина што ако ги добијат можат да се комтаминираат. Ако обвинителството ги има примено од Зоран Заев, претпоставувате за што станува збор односно дека е во прашање политички прогон – изјави Груевски.

Груевски рече дека власта преку судот врши за малтретирање на сите нив, за политички прогон од обвинителство кое е политички формирано.

– Имаме селективна правда. Ни се закажуваат по две рочишта во еден ден, секоја недела по три – четири пати сме во суд. Судот е под притисок кон нас да постапува како кон луѓе кои мора да бидат осудени, а од друга страна судењето на Заев не може да почне две години – посочи Груевски.

Слични содржини