Лидерите Заев и Груевски и на средбата синоќа која според партиски извори траела 30 минути по полноќ наводно не успеале да ги приближат ставовите. Груевски бил категоричен дека може да се повлече од премиерската функција најрано на 1-ви декември 2015 што е само четири месеци пред најавените предвремени парламентарни избори.

грујо зајо
Дипломатски извори тврдат дека партијата на власт и нуди на опозицијата две министерски места МВР и најверојатно труд и социјала.

Можно е Груевски да прифати и уште едно министерско место за опозицијата во преодната влада но никако негово заминување од премиерската функција од септември, барање на кое инсистира опозицијата.

Во албанска владеачка партија ДУИ со нетрпение го очекувале исходот со надеж дека компромис ќе има. Во партијата на Ахмети не е тајна дека политичката криза ја подели партијата. Дел од раководството предводено од Муса Џафери, Теута Арифи и шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби се за останување на партијата во владината коалиција и посакуваат договор меѓу Груевски и Заев со што би им олеснило, и друг дел од партијата кој подолго време притиска врз Ахмети да излезе од коалиционата влада.

Либертас од дипломатски извори дознава дека лидерот Ахмети на средбата во Брисел цврсто ветувал дека веднаш штом се вратат во Скопје ќе ја напушти владината коалиција, но штом се вратил во Скопје се предомислил и заборавил на ветеното. Сега и тој е од оние што посакува кризата да се реши со компромис меѓу Груевски и Заев без да ризикува неговата партија да ја напушти владата и премиерот да биде ставен пред свршен чин да прифати влада на национален спас за излез од кризата

Нова лидерска средба ќе се одржи во деновите по викендот. Ова по средбата со американскиот конгресмен Елиот Енгел во Собранието на Република Македонија го изјави првиот човек на ДПА Мендух Тачи.

Mnogumeiеруваат дека до решението ќе се стигне во наредните денови, пред посетата на американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд, предвидена за 13 јули.

Дефинитивно јавноста ја разбранува Тачи кој изјави дека на средбите што се одвиваат во Скопје и во Брисел, тема на разговорите било и името, и како би се решило и кои се новите можни отсапки.

Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ експресно стигна демант на оваа информацијана лидерот на ДПА.

– Во врска со  изјава на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, би сакале да соопштиме дека на разговорите на кои што учествува ВМРО-ДПМНЕ, до сега немало никаков предлог за решавање на проблемот со името, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Последната средба на лидерите се одржа на 29 јуни, по која партиите објавија соопштение со иста содржина во кое беше наведено дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА ги продолжиле дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2-ри јуни во Скопје.

 

Слични содржини