Груевски се спремал за ново ПРЖИНО и ретерира дека нема да преговара

од Vladimir Zorba
Ставот на меѓународната заедница е првин да се испочитува претходно договореното од Пржино, а потоа да се бараат нови договори, бидејќи тој самиот по себе е решение за излез од кризата, и токму тоа беше и неговата цел.
Груевски ретерира од изјавата пред ДИК-„ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на состаноци и преговори со други партии во кои учествуваат амбасадори и странски посредници или претставници на други држави“, анализира СДК.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека партијата подготвува политички документ со кој ќе понуди начин за излез од кризата, со што практично потврди дека се спрема да бара нов договор како продолжение на оние од минатата година од Пржино. Ова е во спротивност со ветувањето што Груевски го даде пред своите сопартијци и поддржувачи на 17 декември лани на протестите пред Државната изборна комисија (ДИК), кога рече дека „ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на состаноци и преговори со други партии во кои учествуваат амбасадори и странски посредници или претставници на други држави“.

Груевски, синоќа во интервју за Канал 5 изјави дека очекува следните денови документот да биде финализиран и да им биде понуден на сите поголеми политички партии како решение за излез од политичката криза.

„Ние подготвуваме документ за зачувување на Македонија, тоа е политички документ кој ќе понуди начин за излегување од кризата. Преку негово прифаќање ќе се излезе од кризата, но нема да се наруши унитарноста на државата. Овој документ во текот на следната недела ќе биде понуден на сите политички партии и очекуваме од нив да го прифатат како излез од политичката криза“, изјави Груевски во интервјуто.

Приказната за евентуален трет дел од договорот во Пржино почна синхронизирано да се шири во провладините медиуми по интервјуто на лидерот на ДУИ Али Ахмети за ТВ 21 на 14 март, во кое тој изјави дека смета оти не треба да се свика седница на собранието без претходен договор меѓу партиите. Тој тогаш рече дека дотогаш немало никаков знак дека собранието може да биде свикано, но според него се правеле напори за тоа.

Ставот на меѓународната заедница е првин да се испочитува претходно договореното од Пржино, а потоа да се бараат нови договори, бидејќи тој самиот по себе е решение за излез од кризата, и токму тоа беше и неговата цел. Правење само нови договори, без нивна инплементацја не е никакво решение туку само одоговлекување на кризата.

Повеќе тука

Слични содржини