Груевски седна на обвинителната клупа во Апелацискиот суд!

од Vladimir Zorba

Екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска прв се појави во Апелацискиот суд каде на јавна седница се разгледуваат жалбите на обвинетите во случајот „Титаник“  .СЈО бара притвор- тој си го бара пасошот

Груевски се жали на одлуката на Кривичниот суд за мерките на претпазливост(одземање на пасошот и обврска за јавување во суд), а тука е и жалбата   на СЈО на оваа одлука, кои бараат притвор.

Покрај Груевски, јавни седници  во Апелација денеска има и за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и секретарот Кирил Божиновски, сите обвинети во истиот случај. СЈО бара мерка на претпазливост притвор за  сите нив.

Тие си ги бараат пасоши назад, СЈО бара ПРИТВОР! Денеска на ред Груевски и најблиските !

Претходно Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 реши само да им ги задржи пасошите и им наложи редовно да се јавуваат во судот, но од страна на СЈО не прифати ниту еден предлог за одредување на мерка притвор.

„Титаник“, првата истрага која ја отвори СЈО, е предмет во кој обвинителството истражува изборни манипулации. Обвинителството при објавувањето на истрагата рече дека веќе обвинетите создале група која имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето, со криминализација на изборниот процес со цел освојување на власта.

Денес на јавната седница во Апелацискиот суд Скопје аргументите за жалбите ќе ги соочат двете спротивставени страни, по што второстепениот суд има рок од 48 часа да донесе одлука.

 

Слични содржини