Политичките партии се задоволни од заклучоците што вчера ги донесе Советот на ЕУ.

eu-43-

Од СДСМ велат дека се подготвени да ги почитуваат ако се постигне договор за преодна влада од која Никола Груевски нема да биде дел.

Премиерот Груевски, пак, кој ги поздрави заклучоците на својот фејсбук-профил, вели дека ќе продолжат со подигнување на стандардите во сите области.

Од ДУИ се задоволни од заклучоците затоа што во голем дел тие биле многу слични со заклучоците што ДУИ ги донела на последната седница на претседателството.

Никола Груевски:

Ги поздравувам заклучоците на ЕУ, продолжуваме посветено во реформскиот процес и за договорот од 2 јуни. Продолжуваме за подигнување на стандардите во сите области, пред сè, заради подобар квалитет на животот на граѓаните на Република Македонија и прогресот кон ЕУ. Македонија ќе излезе посилна од оваа криза, а нашиот народ е мудар и знае да цени и да вреднува кој работи за него и со кого има подобра иднина. По прогресот кон ЕУ, Владата ќе излезе со конкретен план на мерки и на активности во насока на реформскиот процес.
Петре Шилегов, СДСМ:

Еден човек е причинител и решение за политичката криза во Македонија. СДСМ е спремен да го испочитува договорот на 2 јуни ако се постигне договор за преодна влада во која нема да бидат Никола Груевски и сегашната врхушка на ВМРО-ДПМНЕ.
ДУИ:

Ние сме задоволни што во голем дел заклучоците се многу слични со заклучоците од последната седница на претседателството на ДУИ. Еве неколку такви: 1. Почитување на договорот од 2 јуни; 2. Итни реформи, Охридски рамковен договор и добрососедски односи; 3. Интересите на граѓаните над партиските.

Извор: МЕТА

Слични содржини