Премиерот Никола Груевски, придружуван од Зоран Ставрески, Никола Тодоров, Никола Попоски, Илија Димовски и Мартин Протоѓер, тукушто пристигна во резиденцијата на Европската унија во Пржино.

gruevski

Се очекува еврокомесарот Јоханес Хан да има одделна средба со претставниците на владејчката партија.

По завршувањето на оваа средба треба да пристигнат претставниците на ДУИ, а потоа и на ДПА.

Оттако ќе завршат поединечните средби, треба да се одржи и заедничка лидерска средба.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по завршувањето на нивната средба со Хан рече дека ги ставиле на маса нивните аргументи и додаде дека без кристално чисти услови за избори, тие не би требало да се одржат.

Груевски доцни: „Сто дена пред избори“ е рок за нова влада, а не за премиерска оставка!

– Опозицијата е најважен фактор да обезбеди чисти предизборни и изборни денови. Мислам дека дури на премиерот му е јасно дека нема доволно време да се исчисти избирачкиот список и дека роковите се пробиваат – изјави Заев.

 

META

Слични содржини