Груевски: Стапот има два краја, колку и во даден момент тоа да изгледа невозможно

од Vladimir Zorba

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повторно, како што беше тренд кога беше на власт, така и сега од опозиција, ставовите по актуелните прашања ги искажува преку т.н. мега-интервјуа во делови, овој пат за порталот „Република“.

Денеска беше објавен вториот дел од интервјуто.

Тој тврди дека дел од народот подлегнал на притисоци, уцени, закани и поткуп на локалните избори.

 – Доволно за СДСМ со коалицијата да излезе како победник со разлика од 60 илјади гласа, ако ги вклучиме и гласовите на нашите коалициони партнери со кои на некои места договоривме да имаме засебни листи. Ние сме ги победувале СДСМ и со повеќе од 200 илјади гласови, но во мнозински систем како што се изборите за градоначалници, ефектот изгледа огромен и со 60 илјади гласови разлика. Но, кога сме веќе кај народот, познавајќи го, знам дека ова нема да трае долго. Заканите и притисоците, уцените и поткупот можеби времено ќе дадат некој резултат, но во еден момент тоа ќе престане да функционира и работите ќе се свртат. Во политиката особено важи онаа поговорка која вели дека стапот има два краја, колку и во даден момент тоа да изгледа невозможно – вели Груевски.

Слични содржини