Треба, мора и ќе успееме да имаме фер, слободни и демократски избори на 24 април. Тоа е желба на мнозинството граѓани и на најголемите политички партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вестите на телевизија „Сител“.

gruevski

– Со изборите на 24 декември ќе и се стави крај на политичката криза која не влече назад и која и штети на народот. Моето мислење е дека Зоран Заев и СДСМ имаат погрешна политика и за државата и за нивната партија. Тие сакаат да ги убедат сите дека заради нешто друго не сакаат избори. Тие минатата година побараа избори, ние одма се согласивме. Заеднички потпишавме договор со претставниците на меѓународната заедница. Сите потпишавме за избори на 24 април. Нејасно ми е тоа што викаат дека ние, ВМРО-ДПМНЕ, сме донеле еднострана одлука за одење на избори. Како може да е еднострано кога потпишавме договор на кој што го одредивме датумот на избори. Освен тоа, сите партии во Собранието изгласаа закон со кој што е предвиден датумот за избори – рече Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека има сосема доволно време за прочистување на Избирачкиот список, дури и дека има резерва ако сака да се работи.

 

META

Слични содржини