Во денешното интервју за Телеграф мк (порталот најавува дека во наредните денови ке објавува серијал од ова „мега интервју“) екс премиерот Груевски раскажува дека граѓанските активисти на НВО и претежно на Сорос биле заведувани а предавањата и трибините на овие невладини организации чул дека наликувале како на сеансите на секти. Тој посoчува дека  всушност биле две опозиции.

e93a3bba-8152-4ab7-aebb-f911e7943fbf-grujo

– Видете, НВО, кои се финансирани главно од фирмите на Сорос и од некои други странски извори имаат континуитет во своето работење, и кога има и кога нема протести. Во периоди кога нема протести, тие, пак, парите ги трошат за горе-долу истите луѓе, но во различна форма. На пример, држат разни јавни дебати против активностите и проектите на Владата, држат прес-конференции, гостуваат во телевизиски и радиоемисии, организираат т.н. пленуми од различен вид, им се вршат разни тренинзи за сето тоа.

– Ние имаме две опозиции. Една официјална, СДСМ со неколку сателит или човек-партии со нив и уште една, би ја нарекол платена опозиција, иако индиректно и оваа првата користи од средствата на втората. Веројатно некој проценил дека, кога СДСМ е во опозиција не може со сопствени сили да се избори кај граѓаните за освојување на довербата и затоа вложува големи пари да им помага. И така е, еве повеќе од две децении, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во дел од мегаинтервјуто за Телеграф.мк.7982-SDSM-ZNAME1-670x423

СДСМ преку пишано соопштение реагираше на првиот дел од интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дадено за Телеграф.мк.

Во реакцијата се наведува дека интервјуто е огледало на, како што се вели, фрустрациите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, независните институции му пречат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што, како што се наведува во реакцијата, ја потврдуваат вистината за неговото криминално владеење, а најголеми фрустрации тој има кон лидерот на СДСМ.

– Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од фер и демократски избори. Се плашат од соочување со граѓаните и одговорноста за криминалот и корупцијата. Но, во Македонија ќе има слободни, фер, демократски и кредибилни избори, се вели во реакцијата

Слични содржини