download (2)
Никој од нас не избира кога ќе се роди и во какво време ќе живее. Ама кога сме веќе тука, секоја генерација мора да се соочи со предизвиците на времето во кое живее.

Ова го подвлече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски“, на партискиот собир во спортската сала „Младост“ во Битола.

– Еве не нас пред нов тест. Јас не се сомневам дека ќе го положиме. Ќе стекнеме ново искуство, нова сила, нови сознанија што ќе ни помогне во градење на иднината. Во неа нема да бидат луѓе како Зоран Заев и неговите помагачи и спонзори. Тие самите се избришаа – истакна Груевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го знае начинот како ќе се бори за народот и за Македонија.

– Им упатувам порака и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, бидете будни и внимавајте на провокации, не дозволувајте некој да ве наседне, тоа им е намерата. Бидете горди и достоинствени, ние знаеме што правиме и која е нашата цел, ние и сакаме добро на оваа држава и на целиот наш народ. Апелирам до граѓаните на Република Македонија, до Македонците како мнозински народ, да не подлегнуваат на пропаганда, да не дозволат да бидат цел на манипуланти водени од своите чувства и политичка припадност. Никогаш да не забораваат дека партии ќе доаѓаат и ќе си заминуваат од власт на избори и по нивна мнозинска волја. Но победник секогаш и единствено е народот. Особено во вакви опасни и историски пресвртни ситуации – потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека народот е историски победник дури и кога наспроти себе има десеткратно посилни противници, само ако е единствен и како таков ја дочекува секоја опасност по неговиот опстанок.

Слични содржини