Почетна / Актуелно / Грујовски заврши, Мијалков дојде во Апелација да се брани од притвор

Грујовски заврши, Мијалков дојде во Апелација да се брани од притвор

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контра-разузнавање Сашо Мијалков денеска во 14 часот се појави во Апелацискиот суд во Скопје каде што денеска се одржува расправа по жалбите на СЈО по барањата за притвор за повеќемина функционери од ВМРО-ДПМНЕ. СЈО бараше да им се одреди притвор на Сашо Мијалков и на поранешниот началник на петтата управа Горан Грујовски, како и за уште три лица обвинети во „Таргет“ и во „Тврдина“, случаи кои се однесуваат на незаконското прислушување и за уништувањето на опремата во УБК со која биле следени комуникациите.

Кривичниот суд претходно не постапи по барањето на СЈО за притвор и одлучи на истите само да им се одземат патните исправи.

Пред Мијалков пред Апелација своите аргументи ги објаснуваше одбраната на Горан Грујовски. Обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска денеска на јавна седница на Апелацискиот суд, образложувајќи ја жалбата на СЈО за неодземањето на пасошот на Горан Грујевски рече дека кај овој обвинет најголеми се можностите за бегство затоа што тој има најголем број кривични дела и збирната казна е навистина голема. Таа рече дека Грујевски не се јавува на повиците на СЈО и ја користи секоја можност да ја одложи судската постапка која веќе се води против него во друг случај.

„Грујевски досега имаше голем број боледувања. Едното боледување беше дури и јавно објавено заедно со фотографија од него како присуствува на натпревар додека не е во можност да се појави пред судот. Досега боледувањеата за Гријевски се за депресија, стрес и анксиозност. Сметаме дека за човек кој има таква стресна работа и кој со години бил началник на петтата иправа во УБК тоа не се причини да не доаѓа на рочиштата”, рече Ристовска./ТВ Нова