Групи на Фејсбук промовираат инцест во регионот

од desk2

На социјалната мрежа Facebook се појави затворена група со шокантен назив „Zabranjene tajne incest“, „Забранети тајни инцест“, која брои повеќе од 2.000 членови, главно од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.


Редакцијата на „ „Dnevni avaz“ од БиХ била алармирана за оваа група од група родители кои се загрижени за своите деца и бараат начин да се отстрани групата од Фејсбук.

Новинар од редакцијата под лажен профил се приклучил на групата, каде открива дека навистина се објавуваат морбидни содржини.

Бројни членови објавуваат фотографии од своите деца, пропратени со болни коментари. Така, една членка објавила своја фотографија за која вели дека нејзиниот син ја користи за да мастурбира.

Друга членка објавува фотографија како се бакнува со својот син, а и стигнуваат коментари со „честито“, „браво“, „царица“, а многумина и завидуваат.

Групата за кратко време стана посетена, а освен фактот дека има 2.107 членови, босанската редакција дознава дека има три администратори .

Профилите на име на Ања Лазиќ, Раде раде Савиќ и Љубица воли Ивицу Рациќ се администратори на групата , а наводно последната се претстевува како вработена во Дом за незгрижени деца, што пак други медиуми јавуваат дека се покажало неточно.

Токму таа објавува слики од нејзината малолетна ќерка полугола.

Алмадина Зукиќ, што води друга фејсбук гурпа вели дека многумина и се јавиле да преземе нешто за гасење на ваквите страници, но таа смета дека со тоа нема ништо да се постигне.

„Не можам да верувам дека некому му е интересно такви монструозни содржини да објавуваат и да ги злоупотребуваат своите деца.Какви умови се тоа“, прашува таа.

И да се обратиме до фејсбук да ја исклучи групата, и да ја исклучат, тие повторно ќе направат нова, нема да постигнеме ништо, смета Зукиќ. Со ова треба да се позанимаваат полициските агенции, а веќе пријавивме до Државната агенција за истраги и заштита SIPA, но нема одговор.

На еден скандалозен статус еден корисник вели дека има сексуален однос со ќерката од својата тетка и дека таа го провоцирала додека спиел.

Социологот Срѓан Вукадиновиќ вели дека тоа е најбрутален чин на насилство и дека е сурово. За групата вели дека треба да ја провери полицијата и да кажат дали може да интервенираат или не./Дневни аваз

Слични содржини