GS1 за препознавање на македонскиот текстил во светот

од Vladimir Zorba

timthumb-1

За да бидат препознатливи на светскиот пазар и во глобалната дистрибутивна мрежа, македонските текстилни компании треба да го воведат GS1 стандарот кој не подразбира само универзално идентификување на производите, во секоја земја, туку и можност за непречена соработка со странски партнери на сите нивоа, подобро работење, помали трошоци, поголема продуктивност, ефикасност, продажба, извоз и оптимални залихи, информира а1он.

Ова беше истакнато пред денешната презентација „Со GS1 стандардите до зголемена конкурентност на македонската текстилна индустрија“ во Стопанската комора, на која искуствата од примената на GS1 и од воведувањето на новите, иновативни технологии ги пренесе германскиот експерт Маркус Милер.

– GS1, познат уште како „глобален јазик на бизнисот“, не значи само заштита од фалсификати, туку и јакнење на брендот или практично, подготовка на македонските компании за надворешниот пазар кој е немилосрден, напомена Слаѓана Милутиновиќ од GS1 Македонија.

Според неа, модерната трговија денес не може да се замисли без бар код, одосно без идентификација на производите. Таква универзална препознатливост е неопходна за да се биде дел од светската дистрибутивна мрежа.

Он-лајн продажбата, додаде Милутиновиќ, дополнително ја наметнува потребата од примена на GS1 стандардот.

Милер подвлече дека последниве 10 – 20 години потрошувачите јасно кажуваат дека сакаат да знаат кој производ од каде потекнува, дали трудот за неговата продукција е реално платен. Затоа и текстилната индустрија се фокусира на ефикасноста меѓу брендот и малопродажбата. Како да се влезе во трагот на производите што се продаваат, рече, е еден од најголемите предизвици денес.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини