„Гугл“ е речиси подготвен со финалната верзија на „Андроид Тингс“

од Vladimir Zorba
„Андроид Тингс“ (Android Things) е оперативен систем дизајниран да се користи од страна на паметни уреди со „Интернет на нештата“ (IoT). Ова е платформа на четвртата генерација на „Гугл“ по „Андроид“, „Хром ОС“ и „Андроид Ауто“. Првата верзија за програмерите беше претставена во 2016 година и продолжува да добива надградби од компанијата.
„Гугл“ се подготвени со новата „Девелопер Привју 8“ верзија на „Андроид Тингс“, која наскоро ќе биде достапна за програмерите, информира AndroidPolice. Компанијата ги финишира последните детали пред финалната верзија на АПИ (Application programming interface) да е целосно подготвена за корисниците.
Платформата вклучува неколку иновации, меѓу кои подобрена „Блутут“ функционалност, нов GPS систем за навигација и ажуриран „ИнпутДрајвер“. „Гугл“ ќе продолжи да го ажурира „Андроид Тингс“ и ќе ги отстрани сите грешки во софтверот.
Нивната идеја е да ја претворат платформата во глобален лидер во промовирањето на уредите со „Интернет на нештата“ и да преземат максимална грижа за безбедноста на уредите./МИА

Слични содржини