“Гугл” најави запирање на одржување на апликацијата за обработка на слики “Picasa”.4654046

Технолошкиот гигант ќе се фокусира на услугата “Google Photos”, која беше пуштена пред помалку од една година. “Веруваме дека можеме да создадеме нешто подобро ако се фокусираме само на една услуга која има повеќе функционалности и работи истовремено на десктоп компјутери и мобилни уреди, наместо да ги делиме напорите во два производа”, пишува во официјалната изјава на Анил Сабхарвал , шеф на “Google Photos”.

Сликите и видео клиповите од онлајн албумите, одржувани преку “Picasa”, ќе бидат префрлени во “Google Photos” сметки. Корисниците кои не сакаат да се пренесат на новата услуга ќе можат да ги видат, симнат или избришат сликите од албумите, но софтверот нема да биде ажуриран и додавањето на нови слики нема да биде можно. “Се извинуваме за предизвиканата непријатност, но ве уверуваме дека го правиме ова со цел да се обезбеди најдобрата можна таква услуга. “Google Photos” е нов и попаметен производ “, дополнува Сабхарвал.

Слични содржини