Гугл се извини за рекламите со екстремистичка содржина

од Vladimir Zorba

Шефот на европскиот огранок на “Гугл” се извини на корисници и рекламни, откако онлајн рекламите се појавија заедно со екстремистичка содржина во платформата за видеа “Јутјуб”, која е во сопственост на компанијата, пишува британскиот весник”Гардијан”. Мет Бритин, кој е одговорен за активноста на “Гугл” во Европа, Блискиот Исток и Африка, изјави за време на индустриска конференција во Лондон, дека сака да го искористи моментот “за да се извини на секој кој бил погоден”.

Неговите дејства станаа неопходни откако голем број на рекламни агенции ги повлекоа своите реклами од “Гугл” и “Јутјуб” во последните денови. За време на своето обраќање Бритин изјави дека компанијата треба да работи на рекламното позиционирање, но неколку пати одби да коментира дали ќе се преземат конкретни дејства против нерегулираната содржина.

Во моментов од “Јутјуб” само прават проверка на видео, за кои е сигнализирано дека содржат несоодветна содржина. На крајот на минатата недела претставници на “Гугл” беа повикани од британските власти, за да објаснат што планира да ги направи компанијата во однос на рекламите, кои автоматски се закачуваат со екстремистичка содржина во “Јутјуб”. Британската влада, како и голем број на популарни компании ги повлекоа рекламите од сајтот или размислуваат тоа да го направат, откако стана јасно дека екстремисти, вклучувајќи го  и поранешниот лидер на “Кју Клукс Клан” Дејвид Дјук, заработил од реклами во мрежите на “Гугл”.

При секои 1000 клика на страница со видео се плаќаат 6 фунти на неговиот автор. Според експертите е можно екстремистите да добиле до 250 000 фунти од своја содржина на сајтот.

Слични содржини