Ѓумбирот помага во намалување на холестеролот

од Vladimir Zorba

Ѓумбирот е вазодилататор, што значи дека помага да се зголеми дијаметарот на малите артерии и ја подобрува циркулацијата на крвта. Зголемување на протокот на крвта и циркулацијата обично доведува до мал пораст на температурата на телото, наречен термогеничен ефект, кој пак го забрзува метаболизмот и согорува повеќе калории. Ваквите студии се докажани. Докажано е и дека ѓумбирот помага за намалување на холестеролот, дека е природен уништувач на мастите и дека го подобрува варењето на храната.

 

Со оглед на тоа дека не станува збор за волшебно апче за слабеење, за да ги почувствуваме ефектите од ѓумбирот за ваквата цел, треба да го користиме секојдневно недела-две, па и цел месец. Уште по првите употреби ќе забележиме намалување на апетитот и зголемување на енергијата. Значи само секојдневната употреба на ѓумбир во диетниот режим ќе даде позитивни резултати, пишува Макмода.

Слични содржини