Гутереш: Раселувањето на Рохинџа-муслиманите е етничко чистење

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш денеска ги повика властите во Мјанмар да ги прекинат воените операции и да стават крај на насилството кон Рохинџа-муслиманите, нагласувајќи дека целата ситуација го дестабилизира регионот.

Гутереш истакна дека раселувањето на речиси една третина од вкупната популација на муслиманскиот народ Рохинџа во Мјанмар може да се нарече етничко чистење.

Околу 370 илјади Рохинџа-муслимани изминатите неколку дена побегнаа од Мјанмар во Бангладеш.

„Хуманитарната ситуација е катастрофална“, изјавил Гутереш и побарал од меѓународната заедница помош за раселените во храна, лекови и вода.

Слични содржини