Гутереш: Светот во страв од нуклеарна војна со Северна Кореја

од desk2

Глобалната анксиозност од нуклеарна војна е на највисоко ниво, порача Генералниот секретар на Обединетите нации, во вторник, на отворањето на годишното собрание на светските лидери, а тоа тврдење го темели на кризата со Северна Кореја.


Семтајќи дека Генералното собрание на ОН е дебата на највисоко ниво, тој рече дека милиони луѓе живеат во страв како резултат на провокативните нуклеарни и ракетни проби на Северна Кореја.

„Во светот расте нестабилноста, се посилни се конфликтите, но овој процес е реверзибилен“, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш при отворањето годишната сесија на Генералното собрание на ОН.

„Ние сме народи, а нашите Обединетите нации се соочуваат со сериозни предизвици. Луѓето страдаат и се лути. Тие гледаат дека ситуацијата во областа на безбедноста се влошува, нееднаквоста расте, растат конфликтите и се менува климата “, изјави Гутереш.

“Светската економија станува се повеќе интегрирана, но изгледа се губи чувството за светска заедница. Меѓу луѓето постои неединство. Политичките спорови задушуваат”, додаде тој. Гутереш истакна дека во моментов “светот е полн со противречности”. “Мислам дека можеме да постигнеме мир заедно. Можеме да го зачуваме мирот и да го направиме светот подобро место за сите”.

Слични содржини